Подготовка
Најпрво ги лупиме и рендаме јаболкото .
Го додаваме во тенџере во кое ставаме 200мл вода ставаме 8-9 лажици шеќер, зависно колку сакаме да е благо.
Вариме на огaн со промешување, откако ќе почне убаво да вари вариме 5-6 минути
Во 200мл вода го раствараме пудингот и додаваме кај јаболкото мешаме додека да се згусти убаво.
Во калап од куглоф или друг нелеплив калап јас ја искористив диеталната тава од делимано, наредете ги половината од чајните колачиња врз нив распоредете ја врелата смеса од јаболките израмнете убаво и наредете ги преостанатите чајни колачиња со малку натискање во кремот.
Така оставете добро да се излади потоа превртете врз чинија со благо ударање по тавата ќе излезе колачот. Декорирање по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови