Се матат белките до цврст снег.
На страна се матат другите две јајца и се спојуваат со цврстиот снег.
Ја доставаме ванилата.
Се додаваат презлата и брашното помешано со пецивото.
Откако е се готово попрскуваме сува брусница.
Благо промешуваме со шпатула и ставамме на намастен плех .
Печеме во претходно загреана рерна.
За да излезе како што ми е мене, печете во мал калап.
После 25 минути проверете со чепкалка дали е печено и ако е печено вадете од рерна.
Нека излади и сечете на два еднакви дела.
Премачкајте ги двата дела со мармалад од боровинки. Ставете еден врз друг и премачкајте комплет со мармаладот.
Глазурата спремете ја на тој начин што ќе ги зовриете водата и шеќерот.
Паковката желатин ќе ја ставите да се набабри во сад со вода.
После 10 минути стоење ќе ја додадете во врелиот шербет.
Мешате убаво додавајќи кондензирано млеко.
Тргнете на страна и оставете да излади.
На пареа стопете го белото чоколадо, па кога е изладена глазурата смешајте ја заедно и прелејте околу тортата.
Оставете нека постои па исечете на осминки.
Тоа е мојот денешен десерт.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови