Супер брз и лесен десерт, за оние кои се љубители на нешто овошно. Се подготвува за 10 минути, само со 4 состојки.

Најпрво медените срца се сецкаат на постини коцки (неколку медењаци тргаме на страна кои подоцна 'е ги исецкаме поситно и ќе ги додадеме во филот) и се ставаат на дното на чашите во кои ке го сервираме десертот.

Во длабок сад ја истураме слатката павлака и ја матиме со миксер додека не згусне. Потоа се ренда кората од едниот портокал ситно и од истиот го цедиме сокот. Така исцедениот сок од портокал, кората и ситно исецканите медењаци ги додаваме во слатката павлак и матиме кратко колку да се соединат состојките. Шеќер во прав се додава по вкус, зависно од тоа кој колку благо си сака, јас додадов само една супена лажица. Овој фил се става во чашките со исецкани медењаци и се остава барем 15-20 минути во фрижидер за да се стегни.

Останатиот цел портокал го искористив за декорација, исечен на кругови па на четвртинки.
*Исто така да напоменам, од оваа количина на состојки ми излегоа 8 чаши.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови