Ко ќе ти донеси сопругот дома 10 кг праски, мора да смислиш како да ги искористиш. До сега направив 2 тури на сок, неколку пати смути и последните праски денес решив да ги искористам за еден убав летен овошен колач.

Подготовка

Изматете го шеќерот и јајцата, потоа додадете јогурт, масло и на крај брашното помешано со прашокот за пециво. Добро измешајте и истурете ја смесата во кружно тавче бр.26 обложено со хартија за печење или намастено и набрашнето.

Печете 7-8 минути на 175 степени, потоа извадете го тавчето и одозгора наредете кришки праски или друго овошје. Наросете ванилин шеќер и вратете го тавчето да се печи уште 40-50 тина минути додека овошјето не се запече, проверете со чечкалица дали е пандишпанот печен.
Извадете го тавчето и оставете го колачот да се излади па префрлете во во соодветна чинија за сервирање.
Наросете шеќер во прав одозгора или шлаг, декорирајте по желба.

Големина на чашата е 250 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови