Во млаката вода се дроби квасецот и се додаваат сите состојки, од кои на крај брашното и веднаш се меси мазно тесто.

Тестото се намастува со масло со рацете или четче одозгора и се остава 10-15 минути.

Потоа се дели на 3 или 6 дела. Јас го делев на 6 за два пати да исучам кора и да добијам помали кифлички.

Се расукуваат 3те дела и се премачкуваат со путер/маргарин, но не најгорната.
Се сучи тенка кора и се сечи на триаголници. На почетокот на секое се става сирење или урда или фил по вкус или пак можи и празни да се и се ролаат во кифличка.

Се редат во намастен плех или обложен со пек-хартија, се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам. Врз секоја се става по мало парче путер/маргарин кој останал од коцката.

Можи и да го стопите путерот, па пред да ги намачкате со јајце прво да ги премачкате со него.

Се печат веднаш на 180С 20-30 минути, односно додека благо не поруменат.

*Доколку сакате посни, направете ги со маргарин и одозгора не ги премачкувајте со јајце.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани