Во садот каде што ќе се меси се активираат квасеците со шеќерот, 9 лажици брашно и 500 мл. топла вода. Се чека да се активира.
Потоа се додаваат солта, маслото, се промешува со лажица и се започнува со додавање на брашното, колку ќе прими смесата.Треба да се добие средно меко тесто.
Тестото се остава да одмори малку десетина минути, колку да се опушти, добие на еластичност за да може да се работи.
Од целото тесто се прават топчиња. Мене ми излегоа околу 50.
Се премачкуваат нежно со масленце.
Секое топче се отвора со оклагија, се става од сецканите маслинки кој се промешани со кечап и оригано и се витка кифле.
Се редат во намрсен плех.
Штом се заврши со редењето во плехот се вклучува рерната на 200 степени, да се загрева.
Во малку топла водичка се раствора сенф и се премачкуваат кифлите.
Им се става сусам или јас мешавина од сусам, лен, сончоглед, семки од тиква.
Над секое кифле се става по малку маргарин.
Се ставаат да се печат на 200 околу 20 мин..
На здравје!
*Маргаринот од 250 гр.целосно не се искористува, затоа напишав околу 200 гр..
*За филот, можи плус, минус некоја маслинка, зависно колку се става.
Превкусни, топло ви ги препорачувам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани