Овој рецепт го знам повеќе од дваесет години. Низ годините само сум го модифицирала соодветно на вкусот на моите момчиња. Ориганото не беше во оригиналниот рецепт, туку беше магдонос. Јас ја направив промената како што кажав според желбите. И се разбира, како растеа моите дечки, така растеа количините што ги подготвувам за еден оброк.

Саламата сечкана на коцки, сирењето рендано. Ги промешуваме со јогуртот, додаваме сол и оригано и замесуваме со брашното измешано со печиво. Замесуваме средно меко тесто. Бидејќи во себе не содржи масло, ќе ни треба набрашнета работна маса за да го рассукаме. Сечеме пирошки со дебелина од еден прст, а димензии по желба.
Ги брбеламе во изматени јајца, па во лебните трошки и ги пржиме. Јас прво ги поховам сите и ги редам на една пластична табла, а потоа ги пржам на мојот стар електричен шпорет на тераса, кој ми е од непроценливо значење, ме разбирате....

Не им треба многу пржење, практично по нецела минута од страна, оти не содржат ни масло ни јајца во себе, многу брзо се пржат. Ги вадиме на хартија за да се впие мрснотијата. Ги сервираме со јогурт или кисело млеко. Можете слободно и да ги замрзнете, многу се убави и одмрзнати или притоплени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови