Убава, вкусна и лесна фокача со прекрасен мирис.
1. Прво коцката квасец се раствора со млаката вода и шеќерот. Се остава само неколку минути и се додаваат другите состојки за тесто. Се замесува тесто кое се остава малку да нарасне околу пет минути.
2. Потоа тестото се префрла во плех од шпорет обложен со хартија за печење. Тестото е лепливо па рацете убаво намрсете ги со масло и формирајте ја фокачата. Фокачата се формира да има по околу пет сантиметри слободни од сите страни на плехот.
3. Формираната фокача се премачкува со маслиново масло, се ставаат шери доматите и сецканиот рузмарин. Се посолува и се пече во загреана рерна на 200 степени околу дваесетина минути.
Послужете...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови