Многу брза, многу едноставна торта, за мене љубител на таан и таан алва, совршена.
Може да се направи и како штанглички, но формата е најмал проблем.

Прво пригответе го филот.
Млекото ставете го во сад и ставете го на оган да се стопли. Додадете ја таан алвата изронета. Со затоплување на млекото алвата ќе се растопи и изедначи.
Оставете го филот да се олади.

За тоа време измелете ги бисквитите. Ставете ги во сад, додадете го растопениот путер, млекото и измесете со рака. Доколку е потребно додадете уште малку млеко, но внимателно, смесата треба да биде компактна, не течна.
Тестото натапкајте го во садот кој што го одбравте за форма, ставете го во фрижидер или замрзнувач.

Оладениот фил изматете го со миксер и истурете го над тестото.

Оставете да се олади. Декорирајте по ваша желба и уживајте :)

Забелешки

- Јас тестото го ставив во силиконски калап, го истурив филот и ја смрзнав тортата. Лесно беше да се извади од калапот замрзната.
Доколку немате силиконски калап, на дното на садот наместете стреч фолија или хартија за печење.

- Доколку сакате поцврст фил, во филот додадете 150гр пенесто изматен маргарин или путер.
- Изматениот фл пробајте го на вкус. Доколку сакате додадете шеќер. Мене ми беше таман, па не додадов :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани