Полесно благце – здравје!
Овој прекрасен десерт со овошен десерт го има иновирано мајка ми, некогаш кога имала низ дома заборавени овошни пудинзи. Оттогаш го правиме многу често. Брз е, сочен, вкусен и одличен десерт кој верувам дека на сите ќе им се допадне ако решат да си го припремат. А еве ја и подготовката.
1. Најнапред се вклучува рерната на 250 степени за убаво да се загрее.
2. Тава за печење бр. 36 се намаслува и набрашнува.
3. Се матат јајцата со миксер, да запенат. Се додава шеќерот и ванилата. Шеќер може да си додадете или одземете колку што сакате. Чашата за пандишпанот е од 200 мл.
4. Се мати убаво, подолго време додека да се истопи шеќерот.
5. Потоа се додаваат течностите, брашното и пецивото. Ако не сакате јогурт, целата количина заменете ја со вода или пак со млеко. Но со јогурт ќе добиете многу помеко пандишпанче.
6. Се мати за убаво да се изедначи целата смеса.
7. Потоа готовиот пандишпан се истура во тавата, се пече околу 20 минути на 180 степени. Нека се оддели од краевите на тавата и убаво нека порумени.
8. Млекото за крем измешајте го со шеќерот и ставете го на оган да зоврие.
9. Пртходно одделете 100 мл. од млекото и измешајте, растворете ги убаво во него со жица двата пудинга.
10. Додадете ги во млекото кое врие. Кога пудингот ќе згусне, тргнете од оган, и мешајќи додадете го маргаринот.
11. Мешајте додека да се истопи низ пудингот.
12. Печениот пандишпан извадете го од рерна и оставете го нека се излади малку.
13. Потоа пресечете го на половина по хоризонтала, да добиете две кори.
14. Долната пресечена кора попрскајте ја со малку сок за растворање.
15. Потоа врз целата кора истурете го уште топлиот пудинг и преклопете со кората.
16. Сега подгответе го преливот – прво измешајте ги какаото и шеќерот во подлабок сад за на оган, додадете ги водата и маргаринот и оставете се да се истопи на оган и мешајте додека не зоврие.
17. Потоа прелијте го колачот и посипете со кокос.
18. Оставете малку да се излади, исечете и уживајте! Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови