Во тава со сосема малку масло ставете ги тиквичките исецкани на тенки парчиња и лукот.
Пропржете додека подомекнат малку тиквичките.
Посолете и наросете малку бибер.
Оставете ги тиквичките малку да се подоладат.

Во округол калап ставете го лиснатото тесто.
Избоцкајте го по целата површина со вилушка.
Премачкајте го тестото со доматната салса.
Наредете ја моцарелата исечена ка кругови и одозгора ставете ги тиквичките.

Краевите од тестото подвиткајте ги и ставете да се пече на 200 степени, 35 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани