Кога треба следниот ден да се слави роденден, а за торта се уште никаков абер, само една желба да изгледа вака и време ден спроти славење во вечерни саати, што би рекле 5 до 12, решив дека ќе биди таква торта, но заради немањето време на подготовка на корите какви сакав, испадна оваа прекрасна брза и инстантна торта која доби многубројни комплименти од тие кои ја пробаа. Па еве, можеби ќе се најди некому како мене во кризни моменти или пак на оние кои се плашат се уште да направат една во ваков облик. Мои дами, повелете забушантска верзија мејд бај ме која се надевам дека секому ќе е успешна.

Исечете или испринтајте буква, бројка или форма која сакате на лист хартија за калап.
Со него исечете ги формите на корите.

Инстант филот за торти се мати со 250 мл млеко, во друг сад инстант пудингот со 225 мл млеко, а во трет слатката павлака во која можите да ги додадете останатите состојки сите наеднаш или пак откако сите овие изматени работи ги споите заедно во еден сад.
Јас се раководев по упатството за третиот начин на подготовка на инстант филот, така прво ја матев павлаката меко додека згусни, па филот на тој начин и потоа заедно додека се направи убава црврстина. Соодносот на состојките го прилагодив по моја пресметка за потребите на рецептот и додатокот на другите состојки.

Аромата воглавно е чоколадо кога финално се јади, а доколку сакате додатен вкус за појачан портокал додадете и рендана кора, или пак арома по ваша желба.

Филот ставете го во шприц со широк отвор и едно до друго филовајте во облик на топчиња.
Така секој ред до најгорниот слој.

Потоа одозгора украсете по ваш избор со колачиња, бомбончиња, макаронс и сл.
За оваа, завршија харибо, чоко флипс, тутку, маршмелоу, некоја панделка од фондан и на крај за тофифи изгледаше дека место не остана.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани