1. Се земаат 4 кори, секоја посебно се прска со масло, се редат една над друга, се става 4 лажици фил на четвртата кора  и се витка во ролат.
2. Така се прават сите кори. Се сечат ролатите, се прскаат со преостанатото масло.
3. За филот се матат јајцата заедно со шеќерот. Потоа се додаваат оревите, пецивото, врелата вода и маслото. Со овој фил се филуваат корите.
4. Се печи баклавата на 250С -40мин.
5. За шербетот водата и шеќерот се варат додека водата да проврие. Се остава да врие кратко време и се трга од оган.
6. Се лади баклавата и се полива со врел шербет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани