Основа
Во сад измешајте ги брашното, какаото, шеќерот, пецивото, ванилата и прстофат сол.
Додајте ги растопениот путер и јајцето и измешајте со жица за матење.
Исипете ја смесата во округол калап(бр.20).
Печете 20 минути на 170 степени.

Крема
Во сад за матење ставете ги крем сирењето, рикотата, шеќерот, ванилата и густинот.
Изматете со миксер додека се соединат состојките.
Додајте го јајцето и повторно со миксер проматете.
На крај додајте ја свежата павлака.
Проматете уште сосема кратко.

Извадете го калапот од рерна и ставете ја изматената смеса.
Печете на 170 степени 1 час.

Откако ќе се испече отворете ја рерната и оставете го калапот да стои во рерната 30 минути.
Потоа извадете го и оставете целосно да се олади.

Ганаш
Загрејте ја слатката павлака и со неа прелејте го чоколадото.
Мешајте додека целосно се растопи чоколадото.

Со ганашот посипете го колачот.

Пред послужување оставете да отстои во фрижидер минимум 2 часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани