Компирите и кромидот се рендаат. Им се додава брашното измешано со пецивото и на крај јајцата, па се меша убаво.

Тепсија (20х30) убаво се намастува со масло и се става во загреана рерна на 200С да се загрее. Се вади и се истура смесата во неа и убаво се израмнува.

Одогора се прелива со една лажица стопен путер и малку масло и се става да се печи околу 30на мин, т.е. да поцрвени убаво одозгора.

Печената кљукуша најчесто и по желба се премачкува со прелив од кисело млеко, кајмак или некој сличен продукт. Кај мене состојките од наведениот прелив едноставно се мешаат добро и со нив премачкав.

Убава е и топла и ладна за јадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови