Нека има и ваков рецепт, боранија и грав, чудничко малку, но затоа пак вкусно. Може слободно да се додава и свинско, но овој пат посна манџа нека е. Кој сака нека ја потпечи во рерна.
- Ставете прво да се вари гравот околу 30 минути.
- Додека се вари, на масло ставете ја боранијата со кромидот  и морковот да се запржува, додадете лукчето, излупениот домат, кога ќе омекне целото тоа ставете во тенџерето во кое се вари гравот и се заедно нека продолжи да се вари на тивко, малку осолете, а кога е веќе сварено досолете, зачинете, на крај додадете ја мирудијата и магдоносот.

Напомена
Јас не правам потпршка, внимавам на количината на водата, додека тоа на тивко крчка се добива на густина. Многупати ја ставам и да се потпече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани