Боранијата приготвена на овој начин е многу вкусна.
Ги сецкаме кромидот, морковот, пиперките и ги запржуваме со масло, ја додаваме и боранијата и зачини по вкус. Готвиме додека не испари течноста што ја испушта зеленчукот, па додаваме рендан домат. Зеленчукот го истураме во тавче, додаваме сецкан компир и прелеваме со смеса од кисела павлака и матено јајце.
Печеме околу 30 минути на температура од 180 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови