- Измиената и исечкана млада боранија ја оставаме да се цеди.
- Заедно се запржуваат исечканиот кромид, морковот и пиперката со малку масло, сол и вода. Кога ќе испари течноста се става боранијата, се продолжува со пржење на тивок оган.
- Потоа се додава исечканото лукче, црн пипер и мешан сув зачин.
- Се додава брашното кое се запржува малку и потоа се додаваат исечканите домати (без лушпа) или доматниот сос.
- Штом сето ќе се згусни од брашното, се става црвениот пипер, се пржи малку и се дотура млака вода од прилика, да ги покрива компирите кои се ставаат исечени на коцки.
- По малку крчкање, сето се става во загреана рерна и се пече додека да се свари боранијата и компирите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани