Мојот фаворит од двата вида бомбици со суви сливи.
Сувите сливи се сецкаат ситно и се попрскуваат со рум, се оставаат да одстојат, па се блендираат. Чоколадото се растопува на пареа, па се додава со сливите, а исто и оревите. Се меша смесата да се изедначи и се остава малку да се стегне. Потоа се формираат бомбици, кои може по потреба и да се чоколадираат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови