Во сад над пареа ги ставаме чоко кремот, путерот да се соединат, само кратко, 1-2 минути, колку да омекнат и да се спојат.
Тргаме од оган и тука го додаваме шеќерот, кој може и да се изостави.
Од кога се изладила претходно подготвената смеса го додаваме маскарпонето и кратко соединуваме со миксер.
Ги додаваме бисквитите и бадемите.
Промешуваме и соединуваме.
Оставме во фрижидер на 30 минути.
Потоа формираме бомбици, кои ги редиме на послужавник, каде сме посипале малку мелен бадем.
На секоја бомбица со помош на дрвена лажица во средината правиме мало дупче.
На тоа место ставаме од растопеното бело чоколадо и декорираме со шеќерно срце.
Послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани