Одлични освежителни овошни колачиња.
Вкусот добар иако изгледот е едноставен.
За почетокот потребно ви е да го стопите чоколадото и маргаринот.
Откако ќе излади смесата додадете го пасираното манго и оставете да се излади убаво смесата.
Јас ја оставив во ладилник неколку часа.
Потоа додадете ги мелените бисквити и формирајте топчиња.
Оставете да се стврднат убаво и декорирајте си по желба.
Немам повеќе слики затоа што сметам дека постапката е едноставна.

Забелешка
Малку повеќе ќе пишам околу мангото.
Во зависност од тоа колку е зрело, толку бисквити ќе ставите.
На пример во една доза мангото ми беше многу зрело, па ми испаднаа по мекички топчињата, иако не значи дека не беа вкусни.
На здравје да ви се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови