Овој рецепт ми е запишан во тефтерот пред четврт век. Го запишав од тетка Ката, жената што ме фасцинирала со многу домаќински интереси и идеи, која за жал повеќе од деценија е врзана во кревет. Овој и уште еден рецепт за бомбици ги правевме во кризните моменти кога требаше благо нешто, а се немаше доволно пари да се купат скапи намирници. Никој не можеше да погоди од што се, дека овој ете конкретно што ќе ви го прикажам е со компир. Ги врстевме во финтаџиски рецепти за сиромашни.
Оригиналниот рецепт е со обичен компир, значи можи и така да си го приготвите. Разликата на шеќерот е тоа дека батат е поблаг од обичниот, па затоа пишав распон. Јас решив да го модернизирам и поддотерам и знам дека тетка Ката би ги прифатила со задоволство измените, па во нејзина чест нека оди овој рецепт.

Компирите се варат, се цедат, па се лупат и со пасерка се гмечат.
Се додава омекнатиот маргарин и убаво се меша.
Потоа се додаваат и останатите состојки и повторно се меша до компактност.

Се зема со мало лажиче и со раце се обликуваат бомбици кои се валкаат во кокос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани