
Бомбици со суво овошје (без шеќер)
Бомбици кои можете да ги јадете без грижа на совест.
Доволно слатки од сувите смокви , а истовремено и доволно освежителни од сувата брусница, со нежна нота на кокосово масло и рогач
Пробајте ги.
Прво во сад над пареа ги ставаме кокосовото масло и млечното чоколадо да се соединат.
Во нутрибулет ставме врела вода, брусница, суви смокви, лешници.
Со кратки пулсирања ја соединуваме смесата.
Потоа ги додаваме растопеoто кокосово масло и чоколадото и повторно соединуваме во нутрибулет.
На крај додаваме мелен рогач.
Соединуваме.
Оставаме на ладно смесата да се стегне.
Потоа формираме бомбици.
Ги декорираме со растопено чоколадо.
Сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани
п.с. ни фали chat на странава :)
Carob=angliski
P. S. Се согласувам дека опција chat фино би ни дошла :)