Си купив кокосов крем и го пробав во разни колачиња. Следат рецепти од останатите, а овие како поедноставни ви ги претставувам први.

Подготовка
1. Бадемите кратко потпечете ги во тавче на рингла. Откако ќе се изладат измелете ги.
2. Кокосовиот крем заедно со шеќерот доведете го до вриење колку да се растопи шеќерот, тргнете го на страна и додадете ги путерот, чоколадото и ванила екстрактот. Мешајте додека да се растопат состојките.
3. Додадете ги бадемите и мелените бисквити и соединете ја целата смеса.
4. Формирајте бомбици кои ќе ги влкате во чоколадни трошки.

Забелешка
Кокосовиот крем го купувам и е спакуван во конзерва.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани