Сезона на ајвар е па еве еден вкусен рецепт за солени бомбици кој се надевам ќе ви се најде при рака за некоја домашна прослава или за своја душа.

Подготовка
Путерот пенасто го матиме со миксер. Ја додаваме урдата и ренданото сирење, соединуваме. Ги додаваме ситно насечканото кромитче, ајварот, топеното сирење и власецот. Сите состојки ги соединуваме со лажица. Формираме бомбици, ги ставаме во фрижидер за да малку се стегнат па ги сервираме.

Забелешка
Путерот треба да ни биде омекнат на собна температура за да убаво го изматиме.
Можете да ги валкате во лебни трошки, во сув власец, сусам, ситно насечкано кромитче или по желба. Можете да ги оставите и вака како јас што ги оставив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани