Овие превкусни мињони се доста декоративни и лесни за подготовка и се со неодолив мирис и вкус. Може да се подготват со бисквити и зачини, како во овој рецепт или пак да се користат спекулас бисквити кои веќе се зачинети. Нема да погрешите и во двете верзии.

1. Млекото се загрева заедно со шеќерот, за да се стопи. Поедноставната верзија е со шеќер во прав, за полесно да се стопи и да не крцка.
2. Бисквитите се мелат во сецко на ситно. Оревите се додаваат кон бисквитите, сите зачини и какаото и сето тоа се меша.
3. Потоа додате го млекото и аромата рум и исецканиот маргарин. Сетоа тоа убаво се замесува. Ако ви е сува смесата додадете уште млеко.
4. Стопете го чоколадото со маслото и оставете малце да се олади.
5. Во силиконски калапи за мињони, ставете го растопеното чоколадо. Наполнете ги 1/3 калапите. Оставете да се олади и стегне чоколадото на 10-15 мин, во замрзнувач.
6. Останатиот дел од калапите пополнете ги со смесата за мињони и повторно вратете во фрижидер, убаво да се оладат.

Изладените мињони убаво се вадат од калапите, бидејќи се убаво стегнати и изгледаат доста декоративно за на празнична трпеза. Вкусот и аромата се неодоливи, бидејќи е одлична комбинацијата!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови