Ова е дефинитивно рецепт за највкусните божиќни колачиња.
Во длабок сад замесуваме тесто од брашно, маргарин (или путер) исечкан на коцки, јајце, а додаваме и пециво, ванила, прстофат сол и сок од 1 цеден портокал.

Замесуваме меко тесто и го оставаме 1 час во фрижидер.
Сукаме кора со дебелина од 4-5 мм. Со калапи вадиме најразлични форми, ги редиме на плех обложен со хартија за печење. Колачињата ги печеме на 180 степени 8 минути.

Откако ќе се изладат наросуваме шеќер во прав.
Меки и крцкави се уште од првиот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови