- Во сад измешајте ги брашното, содата и солта.
- Сувото грозје заедно со кандираниот ѓумбир и рум, блендирајте додека да добиете леплива смеса ( слично како густ џем).
- На тивок оган стопете го путерот и нека крчка така додека ја добие неговата златна боја. Внимавајте да не го прегорите. Тргнете го од оган и додадете ја добиената блендирана смеса со сувото грозје, ѓумбирот и румот. Промешајте и оставете да се олади. Во оладената смеса додадете го кафениот шеќер, меласата и јајцата. Измешајте со шпатула, додадете го брашното и продолжете да мешате да добиете компактна смеса - сите состојки измешани. Ќе биде леплива и затоа се меша со шпатула или некоја поголема лажица. Оставете да одстои во фрижидер најмалку 2 часа.
- Додека се лади тестото, пригответе два плеха за печење или пак евентуално доколку рерната е голема и тој плек е многу голем. Спротивно ќе мора во два плеха да ставате по две парчиња, ваљаци од тестото, бидејки додека се печат тие ќе се рашират.
Вклучете рерната да се загрее на 170 степени.
- Откако се добро изладило тестото и веќе е со цврста структура, извадете го на лесно побрашнета работна површина, поделете го на 4 - четири еднакви дела, секој дел извалкајте го во форма на ваљак со околу 30 см, должина, пренесете ги во подготвените тавки, ставете да се печат најмногу 20 мин (зависно од самата рерна која ја имате), тие треба да бидат на допир одозгора суви, но внатрешноста треба да остане малку мека.
- Извадете ги и оставете да оладат.
Додека се ладат вие спремете си ја шеќерната глазура која најмногу ја користите и обожавате - нашарајте ги одозгора, нека се исуши и потоа исечете на траки или плочки - како сакате вие (јас ги сечев на траки), запакувајте во кутија и скријте ги... мирисни, вкусни, вистински Божиќни.
НАПОМЕНА
Глазурата ја правев од 85 гр. шеќер во прав во која додадов 1,5 лажица свежо исцеден сок од портокал, 1 лажика рум... мислев дека нема крај на ова бркањето со лажицата за да стане течна и да ја нанесам врз овие прекрасни баш скришни колачиња... вака приготвената глазура е вкусна, ги надополнува останатите аромати за кои можам да кажам дека ги будат сите чувства за мирис... прекрасни се. Колку повеќе стојат скриени - толку стануваат поубави, но јас за да скријам ќе морам повторно да правам.. кај се крие ова кога само што минувам - мирисот ме мами и нон стоп си ја отворам кутијата. Не напишав погоре во рецептот за глазурата бидејки останува вие сами да си изберете варијација на глазура...
- Оригиналното име им е Хермит или Еремит, пустински - причината е поврзна со нивното засолнување како би одстојале повеќе време и да се тогаш почувствува нивниот вистински ароматен вкус и мекост. Имено, од разни духовни побуди се одвојувале поголеми групи на луге и заминувале да живеат на некое пусто место одвоени од светот како би живееле осамени, поради што и го носат ова име и колачите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани