Вкусен, мирисен, личен....
Најнапред сувото и кандираното овошје се сецка и се потопува во жешка вода, за да омекни.Потоа се цеди, па се суши на кујнска крпа и се промешува со малку брашно да не се лепи.
Оревот, бадемот, лешникот и чоколадото се сецкаат.
Се мешаат сувите состојки-брашното, канелата, чоколадото во прав, кората од лимонот и пецивото.
Се матат јајцата со шеќерот.
Се додава млекото и маргаринот.
Потоа брашното помешано со останатите суви состојки.
И на крај се вмешува сувото и кандираното овошје, па јатките и чоколадото.
Се излева во намрсен калап-куглоф.
Се пече во загреана рерна за време од 45 мин. на 180 степени.
Нека одмори малку во калапот, па се вади и посипува со шеќер во прав замирисан со ванила.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани