- Ставете го во сад омекнатиот путер, матете со миксерот и во неколку наврати додавајте го шеќерот, а со миксерот за цело време се мати. Се додава и циметот, мускатното оревче и мешавината (олспајс) на крај се додава и ѓумбирот.
- Потоа се додава едно јајце и добро се мати. Потоа второто, се мати и на крајот третото јајце. Потребно е добро да се измати.
- Просејте ја потребната количина на брашно, во него додадете го пецивото и солта, почнете полека и наизменично со сокот од јаболка да додавата во веќе добиената смеса, значи ќе ставите малку брашно - малку сок - изматете - и така додека се потроши целата количина од брашно и сок.
На крај измешајте со лажица исецканите ореви и кандираниот ѓумбир.
Вклучете ја рерната во меѓувреме на180 степени.
- Со малку стопен путер премачкајте ја модлата за куглов, па и да ја побрашнете потоа модлата нема да е грешка (напротив - подобро се вади колачот) истурете ја смесата во него, неколку пати удрете ја модлата од работната маса како би се целата смеса рамномерно распределила, ставете да се пече пробувајки во меѓувреме со познатиот за нас начин - чепкалка.
- Кога ќе сметате дека е печено, исклучете рерната и оставете некои 5 мин. да стои, а потоа извадете- нека олади но не потполно, туку доволно за да можете да го извадите кугловот на тацна и да го прелиете со преливот.
Прелив
Додека се пече кугловот, во касерола ставете го путерот да се стопи, додадете го шеќерот и постојано мешајте додека се стопи, да се карамелизира. Кога ќе стане кафен шеќерот (внимавајте да не го изгорите) тргнете настрана, додадете го сокот од јаболка и лимонот, вратете за кратко на оган, тргнете и со него заливајте го кугловот се додека не потрошите целата количина - треба да се впие.
Јас печев во мали модли за куглов бидејки ми беше потребно секое да биде засебно (подароци) - ги подмачкав сите модли, побрашнив - потоа ја истурив смесата.
Можете да печете и во силиконска модла, но времето на печење е поголемо бидејки знаете дека тестата за колачи кои се спремаат со маргарин, путер потешко се печат, па затоа јас во вакви случаи прибегувам кон обичните модли, што не значи дека не може да се истури во тавка било округла било четвртаста... Јас печев 1 час.
- За уште подобар аромат на колачот покрај прекрасните зачини, оревите потпечете ги.
Овој куглов колач навистина ги носи со себе ароматите кои потсетуваат на новгодишните и Божиќните празници...
Весели предстојни празници драги пријатели!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани