Постојат разни комбинации на овој Божиќен коктел,а ова е една од нив.

Зрнцата шипки ги миеме и оставаме да се исушат добро.
Ги сецкаме на тркалца и ги помешуваме со водката.

Додаваме стапчиња цимет и една звезда анис,па оставаме да отстои 3-4 часа затворена во тегличка.
Пред конзумирање на коктелот, се префрла смесата во чаша за служење и се дополнува со спрајт и коцки мраз.
Истото сум го подготвила и со швепс.

Нема да погрешите и ако си ја спремите водката на овој начин па да си имате готова за во секое време.Убаво ќе си прими од зачинките.

На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови