На пареа, на пониска температура ставете ги бонбоните и чоколадото. Повремено промешувајте ги. Треба можеби петнаесет-дваесет минуту додека се се растопи и смесата убаво да се изедначи.
Ставете го путерот и убаво промешајте.
Желе бонбоните исечкајте ги на поситни коцки и ставете ги во смесата. Промешајте.
Истурете ја во помал правоаголен сад на кој сте ставиле или најлон фолија или хартија за печење.
Оставете го некое време во фрижидер се додека убаво се стегне.
Пресечете го на ленти, па на коцки.
Среќни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови