Ја сакам пролетта и летото, баш заради тоа што пазарите ни се богати со свеж зеленчук, нема што нема. Денот не можам да си го замислам без салата и обавезно експериментирање и различно комбинирање на зеленчуците. Оваа комбинација често ја правам и со варени јајца така што комплетно може да замени оброк. Исто така ја имам направено и со пилешки стек, со што исто така заменува ручек.

Подготовка

Зеленчуците треба да бидат добро измиени и исчистени, а златниот микс сварен.
Се дроби прво салатката, па краставицата, кромидот, ротквиците, се додава златниот микс, па авокадото.
Се додава сол и масло и оцет по желба. На крај се наросува црн бибер.
Исто така по желба се додава и рукола, јас често додавам рукола во комбинација со салатка.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови