Прекрасно и миризливо благо тесто, зашеќерено и крцкаво.

Подготовка
1. Сувите состојки од квасот се мешаат, се додава млаката вода и се остава да се активира.
2. Во длабок сад се ставаат состојките за тестото, се става нараснатиот квасец и се замесува меко нелепливо тесто, се остава да се дуплира.
3. Стасаното тесто се размесува во правоаголна тенка кора дебела 1/2 см.
4. Се премачкува со растопениот путер/маргарин, се посипува рамномерно со ванилиниот шеќер, потоа со кафеавиот шеќер и на крај со циметот.
5. Се сечат 6 ленти кои се ставаат сите една врз друга в долж како на дополнителните слики. Се сечат коцки кои се превртуваат и се редат една до друга во калап за леб обложен со хартија за печење.
6. Одозгора се премачкува со преостанатиот путер и се посипува со уште малку кафеав шеќер.
7. Се пече околу 30 минути на 180 степени.

Се лади и се одделуваат слатките шеќерни парчиња за да се ужива во нив.
Пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани