Еве и од мене една верзија за крофнички во апаратче за крофни, кои вака послужени беа дел од роденденската забава на постарата ќерка.

Подготовка
- Јајцата се матат пенесто со шеќерот и екстратот од ванила додека да се згуснат убаво и да се истопи шеќерот.
- Се додаваат течните состојки и пак се мати.
- Брашното се меша со пецивото, се просејува и постепено се додава во смесата продолжувајќи да се мати со миксерот.
- Се вклучува апаратот за крофни, со салфетка намастена со масло се премачкуваат дупките за крофни, а смесата се става во поголем шприц и по можност да е со метален додаток заради евентуален допир на врвот од шприцот со вжештените дупки за крофни.
- Со шприцот се полнат дупките, но не да се преполнуваат со смесата зашто ќе збувнат и крофните се печат 3-4 минути. Додека се печат времето се користи за полнење на шприцот со нова смеса.
- Подизладени, крофничките се посипуваат со шеќер во прав и чоколаден прелив.
--------------------------------------------------------------------------

Бидејќи брашната се разликуваат по нивното впивање на течности, доколку има потреба додадете уште јогурт, битно смесата да не е премногу густа ни премногу ретка, треба да е нешто погуста од смеса за палачинки.
Не можев убаво да избројам колку крофнички излегоа, бидејќи ми ги снемуваше од нетрпеливите додека да се свртам, но секако излегуваат 40 и повеќе крофнички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани