Брашното ставете го во подлабок сад и додадете ја и солта.
Во друг сад издробете го квасецот, додадете 1/2 лажиче шеќер и прелијте со топло млеко. Оставете го квасецот на топло. Во садот во кој ќе го месите тестото ставете го путерот на собна температура за да омекне. Потоа со една дрвена лажица изматете го убаво со 1 лажица шеќер. Додадете го јајцето и повторно убаво измешајте.
Сега во садот сипете го стасаниот квасец, изренданата кора од лимон и измешајте.
Соединете ги сите состојки и со постепено додавање од брашното замесете меко и мазно тесто кое не треба да ви се лепи на рацете.
Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени, а големата тава од рерната обложете ја со хартија за печење.
Тестото поделете го на 5 делови. Секој дел развлечете го со сукало во форма на круг со дебелина околу 1/2 см. Секој круг исечете го на 8 триаголници и филувајте ги со мармалад по желба. Завиткајте ги и внимателно стиснете ги краевите од тестото. На крај секоја кифличка малку заоблете ја.
Готовите кифлички наредете ги на хартијата за печење во тавата, но оставете простор меѓу нив затоа што ќе нараснат додека се печат.
Ставете ги да се печат, а потоа извалкајте ги во шеќер во прав.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани