Рецептот е од мајка ми, со години го прави и ми најубав од сите зелници кои сум ги пробала. Јас малку го модифицирав со ронка сув квасец и малце шеќер.
Зајрето го спремам најчесто со спанаќ, блитва, зеље или штавељ, изварка околу 400 г и 1-2 јајца

Начин на подготовка

1. Измешајте ги сите состојки и месете додека тестото не стани мазно. Додадете брашно или вода по потреба, поделете го тестото во две топки и оставете да се одморат 10-15 минути.

2. Иссукајте кора со дебелина 2-3 см од тесто од едната топка и премачкајте ја со путер обилно. Превиткајте ја кората и горниот дел премачкајте го со маргарин или путер. Превиткајте уште еднаш и пак премачкајте ја горната страна. Превиткајте уште еднаш и ставете го тестото во најлонска фолија и нека почива во фрижидер најмалку половина час.

4. Повторете ја постапката со другата топка.

5. Кога тестото е убаво изладено, се сука кора со малку поголема големина од тавчето во кое ќе се пече зелникот, се става кората во подмачкан плех, рамномерно се распределува филот и се става втората кора. Краевите на двете кори се спојувааат и се затвораат спирално.

6. Пред печење попрскајте го со малку вода и масло.

7. Се пече на 200 степени во загреана рерна, додека зелникот не добие убава златна боја.

Напомена-последниот пат кога месев, направив дупла доза и го измесив тестото од вечерта, а утрината ги направив зелниците, само ги раширив корите. Така тестото ми беше поубаво и за работа, не губев време утрината, а зелниците беа превкусни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови