~ Подготовка ~
Најпрвин се подготвува филот на класичен начин.
Прашокот за пудинг (со вкус на малина), се раствора со 3 лажици млеко.
Поголемата количина млеко и кристал шеќерот се доведуваат до вриење и се вари пудигот со постојано мешање. Се лади сосема.
Путерот/маргаринот се матат со шеќерот во прав и се соединуваат со добро изладениот пудинг.
Во филот се ставаат 10 капинки, се мати со миксерот убаво
да се изедначи смесата.
Првата бисквитна кора се премачкува со ладно млеко, потоа се премачкува со 1/4 од филот.
Се редат капинки исечени на половинки.
Постапката се повторува со сите кори со тоа што последната кора не се премачкува со ладно млеко, туку се премачкува со последната
4-тина од филот одозгора и од страните. Се става во фрижидер, најдобро преку ноќ.
Шлаг пената се подготвува според упатството и со готварски шприц
тортата се декорира по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани