Превкусни путер бисквитчиња кои се топат в уста, а овошјето дава прекрасен шмек. Буквално домот ќе ви мириса на колачите на баба.

Подготовка

Просејте го брашното, а путерот на собна температура изматете го со шеќерот во прав додека не се соедини убаво во кремаста структура.
Додадете го кардамонот, ванилата и мешаните овошја (јас ставив кајсија, суво грозје и брусница).
Полека додавајте го брашното и соединете го со смесата со рака, нежно мешајте без силно да месите. На почеток смесата ќе биди ронлива, но полека ќе се оформи во тесто.
Ставете го во калап или направете како мене, ставете го во најлонска фолија и направете си форма.
Вака подготвеното тесто ставете го во фрижидер 1 час. Откако ќе олади, извадете го и исечете го на парчиња со дебелина околу 1 цм, кои ќе ги редите на плех обложен со хартија за печење.
Ставете ги да се печат во загреана рерна околу 15 минути. Ќе бидат меки во средината, а краевите и одоздола треба да затемнат. Откако ќе се оладат ќе се стврднат.
Оставете ги убаво да се оладат пред да ги складирате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови