1. Во сад се ставаат брашното, шеќерот, путерот, двете јајца, пецивото, ванилата, солта, амаретото и кората од портокал, се замесува тесто.
2. Во готовото тесто се додаваат непечените бадеми и се меси повторно да се соедини.
3. Од тестото се прават векни кои што премачкуваат со белка.
4. Готовите векни се печат во загреана рерна на 200 степени за 20ина минути.
5. Така испечени се оставаат во тавичката за 4-5 минути да се пооладат и се сечат коси парченца со дебелина 1-1,5 сантиметри.
6. Добиените бисквитки се редат во тавичката и се ставаат повторно во рерна за 10-15 минути или додека не поруменат (ако е потребно се превртуваат еднаш, но печењете не треба да е подолго од 15 минути).
7. Готовите кантучини се оставаат да се оладат целосно.
8. Чоколадото се растопува, се става во торбичка и се прави мал отвор со помош на чепкалка за заби, се декорираат бисквитите.
- Тавичката каде што ќе се печат бисквитите треба да има хартија за печење.
-Кантучините се потврди во споредба со стандардните бисквити, но се одличен додаток на чај, млеко, кафе или тврд алхохол.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови