На загреано масло ги пропржуваме листовите шампињони.
Ги зачинуваме со сол и оригано.
Во друга касерола го ставаме маслото, брашното и ги запржуваме.
Постепено додавме млеко и јогурт и мешаме до згуснување.
Зачинуваме.
Оставме бешамел сосот да се излади.
Тост лебот го сечиме на половинки.
Ги редиме во тава.
На секое парче ставаме по една лажица бешамел, пржени шампињони и парче кашкавал.
Сите брускети одозгора ги прелеваме со останатиот бешамел.
Ги запекуваме во рерна околу 20 минути.
Послужуваме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани