- Во сад ставете јогуртот, солта и содата. Почекајте да се запени, да се раствори содата.
- Во друг сад одмерете го брашното, додадете го јогуртот со содата и солта, измесете тесто.
- Веднаш поделете го тестото на колку делови сакате и колку големи пирошки или пишии, пржете во не многу длабоко масло.
- Ќе имате брзо спремана закуска или доручек.
Од ова тесто можете да правите полнети пирошки по ваш сопствен избор или пишии. Јас овојпат ги спремив полнејки ги со фил од ронето сирење, јајце и млад кромид. Измесеното тесто го поделив на осум дела, секој дел го оформив во топче, ги премачкав со масло. Секое топче го расукувам потенко, на средината ставив од филот кој го спремив ронето сирење, јајце и млад кромид, Подигајки ги краевите кон средината, го затворив филот малку го дооформив, така и со останатото тесто. На тивок оган во не многу длабок зејтин, нормално за пржење, откако се малку загреа ги ставив да се пржат со споениот крај надолу кое нешто оневозможува да се отворат, потоа ги превртев.
- Нека оладат малку за да не е течен филот.
- Наместо сирење можете да користите квалитетна по сува урда, впрочем, како што кажав,со фил кој ќе го сакате вие.
- Ветувам дека ќе ве информирам за мислата која ме гони кога се работи за брзински пирошки, сакам да ги пробам полнети со некој мармалад, па ќе јавам како ќе излезе, но се мислам дека ќе се добри. Тестото има предобар вкус иако навидум се гледа многу обично.
Ги фотографирам додека беа врели - не топли....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани