Ова во ствари е француска верзија на Берлински крофни, а начинот на изработка е како кога се подготвува бриош тесто, од кое на крај ќе добиеме исклучително меки, ароматични крофни.

Во вангличка го ставаме квасецот, шеќерот и топлата вода.
Додаваме брашно, промешуваме и оставаме да се активира.
Во вангличката ги додаваме ванилата, румот, кората од портокал и лимон, солта.
Соединуваме.
Јајцата ги матиме со вилушка и ги додаваме во смесата.
Ги просејуваме брашното и млекото во прав и нив ги додаваме во вангличката.
Соединуваме со миксер.
Од како е соединето тестото додаваме лажица по лажица растопен путер, односно кога тестото ќе ја прими првата лажица, тогаш ја додаваме втората лажица растопен путер.
Матиме околу 7-9 минути на мала брзина.
Тестото ќе биде малку лепливо.
Го покриваме тестото со прозирна фолија и го оставаме да се дуплира.
Сега вангличката со втасаното тесто ја ставаме во фрижидер да одстои 30 минути.
После 30 минути ја набрашнуваме работната маса и нежно го ставаме тестото.
Со набрашнета чаша вадиме форми кои ги редиме на послужавник, врз кој сме ставиле чиста крпа.
Ги покриваме наредените крофни со чиста крпа и оставаме пак да втасаат, доволни се 15 минути на оваа жештина.
Во касерола за тоа време загреваме масло на умерен оган.
Ги пржиме крофните од двете страни по одприлика 1-2 минути, да заруменат.
Ги редиме на хартиени салфети.
Потоа нежно наросуваме шеќер во прав, или со помош на шприц ставаме крем и послужуваме.
Можеби ви изгледа комплицирано и бара повеќе време рецептов, но секоја потрошена минута е оправдана.
Вкусот е единствен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани