1. Во еден сад на се става слатката павлака и белото чоколадо (чоколадото искршено на коцки)
2. Чоколадото треба да се стопи и да се соеднини со павлаката, но треба да се внимава павлаката да не зоврива.
3. Откако чоколадото ќе се растопи се трга од оган и се остава смесата комплетно да излади (3-4 часа во фрижидер).
4. Изладената смеса се мати со миксер додека не се добие цврст крем.
5. Во кремот се додава предходно изматената со лажица киселата павлака и се и се мати цела смеса да се соедини.
6. Чоколадото се топи на пареа и во него се додава путерот.
7. Кремот се става во мали чаши една лажица од кремот потоа од растопеното чоколадо, па потоа се дополнува со белиот крем
8. Се декорираат по желба.

- Слатката павлаката и чоколадото мора да бидат добро изладени!
- Делот со темно чоколадо може да биде по желба на пример некои готови преливи или пак јаткасти плодови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови