Овој козињак повеќе личи на колач, ама јас вака го имав запишано и така ви го пренесувам.
1. Белките се матат во цврст снег и се додава постепено шеќерот и ванилата.
2. Се додава маслото, брашното со печивото и убаво се меша.
3. Се додаваат оревите, сувото грозје и кајсиите и чоколадото. Повторно се' убаво се меша.
4. Смесата се сипа во намрсено и набрашнето калапче и се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час.
Козињакот се лади и се служи.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови