Мафини
- Сите состојки заедно се соединуваат и се матат со миксер убаво да се соединат. Во калап за мафини нареден со книжни корпи за мафини се става од смесата. Не се полнат до врв за да има каде да нараснат мафините при печењето. Во средината на секој мафин се става вишни со количина по желба. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 мин.

Фил црн
- Слатката павлака се загрева до зовривање и со неа се полева ренданото црно чоколадо и се меша да се растопи и убаво соедини со пвлаката. Се остава да се излади смесата и потоа се мати пенасто со миксерот.

Бел фил
-Прашокот за шлаг кремот, ладното млеко и слатката павлака заедно се матат пенасто, додека се згусне.

Мафините откако ќе изладат се декорираат прво со белиот фил, па врз него од црниот и најгоре уште еднаш од белиот фил со слаткарски шприц за колачи. Јас декорирав со шарени чоколадни бонбончиња и чоколадни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани