Најпрво јајцата и морковите ги вариме и сецкаме.
Краставицата се сецка и се завиткува во памучна салфета да се впие течноста.
Исто и шунката се сецка.
Желатинот се прелева со ладна вода и се остава да набубри.
Правоаголен сад обложуваме со фолија.
Јогуртот и мајонезот ги соединуваме и ги ставаме на тивок оган да се замлачат. Им додаваме малку сол.
Исто и желатинот го загреваме на тивко да се втечни.
Го додаваме во јогуртот и матиме со миксер 4-5 мин..
Потоа во калапот ја распоредуваме краставицата па покриваме со 3-4 кутлачи од смесата.
Над тоа ставаме морков, па од смесата, исто 3-4 кутлачи.
Како трет ред-јајцата, покриваме пак со слој од смесата, исто 3-4 кутлачи.
Последно ја распоредуваме шунката и завршуваме со 3-4 кутлачи од смесата со желатин.
Ставаме во фрижидер, најмалку 4 часа, или најдобро преку ноќ и потоа ги сечеме коцките.
Сервираме.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани