Повеќе пати го пробував овој рецепт, бидејќи сите што ги најдов на интернет беа со мерки со филџанче/чаша, па затоа јас мерев во грамови, за да биде полесно и поточно. Инаку многу лесно се приготвува, и е многу вкусен.
1. Најпрво во плехот од рерната се посипува кокос и убаво се распространува насекаде да биде покриено.
2. Густинот и брашното се растворааат во еден дел од млекото, а остатокот се става во тенџере да зоврие, се додава шеќерот во него, а кога ќе почне да врие, се додаваат брашното и густинот.
3. Додека е жежок овој пудинг се додава маргаринот исецкан на коцки и се меша да се растопи и да се изедначи. Смесата се истура во плехот и се зарамнува малку ако има потреба. Се остава да се стегне неколку часа.
4. Шлаг пената се мати се водата, (може да додадете и некоја лажица шеќер во прав) па се премачкува врз пудингот.
5. Целата смеса ја сечиме еднаш по должина на половина, па потоа сечиме правоаголници, и ги виткаме во ролат.
Може да завиткате и еден голем ролат, па да го сечите на парчиња, но така може полесно да ви испука, полесно е парче по парче.
6. Секое парче дополнително извалкајте го во кокос.

Забелешка - Го имам правено и со чоколадо, кое се додава заедно со маргаринот, навистина го збогатува вкусот, но во тој случај ролатот ќе ви испука, па ако се одлучите за додадено чоколадо, пресечете го „пудингот“ на 3 ленти и редете ги една над друга.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови