1. Ги матиме јајцата пенасто, па го додаваме шеќерот и матиме додека се стопи. Се додава брашното и млекото. Ја ставаме смесата во тава, обложена со хартија за печење и печеме на 180 степени 5 минути. Пандишпанот не треба да е многу дебел, па затоа може да го ставите во поголема тава по избор.
2. Го правиме пудингот по упатството на пакетчето и оставаме да се излади. Ја матиме слатката павлака и дел од пудингот вмешуваме во неа.
3. Чоколадото го топиме на пареа со млекото и оставаме малце да олади.
4. Сечеме кругови од пандишпанот, во средината ставаме пудинг па од околу и нагоре со готварски шприц правиме куп од слатката павлака.
5. Најгоре поливаме од чоколадото.
Во чашките го ставив остатокот од пандишпанот, пудинг, слатка павлака и чоколадо.
Излегоа 12 купи

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови