Нешто слично на баунти само во јајчеста форма. Не успеав многу со формата зашто ги правев рачно, но вкусот беше совршен и веднаш се изедоа.

Подготовка
Сварете ги водата и шеќерот, додадете го путерот и млекото во прав и на крај кокосот. Мешајте додека не се изедначат убаво и оставете ја смесата да се подолади за да можи да ја работите со рака.

Најубаво е да имате калап за јајчести форми, јас немав и ми беше прилично тешко да формирам јајца. Земете од смесата и оформете топче, скршете го и внатре ставете лешник намакан во мармалад и затворете го со другата половина и формирајте јајце.

После јајцата намакајте ги во глазура од растопено чоколадо и оставете ги да се ладат во фрижидер за глазурата убаво да стегне.

Јас следниот ден направив малку кралска глазура во потечна форма и ги прелеав со неа за да добијат мермерен изглед и наросив малку кокос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови